КМФ Кеги Моби Велес вечерва пред домашната публика ќе ги одмери силите со екипата на КМФ Јувентус Серава, во рамките на третото коло од Првата македонска футсал лига.
Натпреварот ќе се одигра во спортската сала на ОУ „Блаже Конески“, со почеток во 20:00 часот, а велешкиот состав влегува во овој дуел со јасна цел – освојување на нови три бода и продолжување на позитивниот старт на сезоната.
По минатогодишното високо второ место во првенството, Кеги Моби и оваа сезона има големи амбиции и желба повторно да се најде меѓу најдобрите екипи во македонскиот футсал.
Велешани се подготвени за нов предизвик, а поддршката од домашната публика ќе биде дополнителен мотив за фудбалерите да го дадат својот максимум на теренот.
Од клубот ги повикуваат сите љубители на футсалот и граѓани на Велес вечерва да бидат дел од трибините и со својата поддршка да им помогнат на играчите во борбата за нова победа.
Кеги Моби продолжува со високи амбиции, желба за нови успеси и гордо претставување на Велес во македонскиот футсал.









