ПРВ.мк
Спорт

ЕРИКСЕН ПОВТОРНО ПАДНА НА ТЕРЕНОТ: Докторот откри што се случило!

ЕРИКСЕН ПОВТОРНО ПАДНА НА ТЕРЕНОТ: Докторот откри што се случило!

Драматични моменти се случија на пријателскиот натпревар меѓу Данска и Украина, кога данскиот фудбалер Кристијан Ериксен повторно се сруши на теренот и предизвика загриженост кај навивачите и соиграчите.

По инцидентот се огласи докторот на данската репрезентација, Мортен Боесен, кој откри дека постои сомневање за проблем со пејсмејкерот што Ериксен го носи по срцевиот застој што го доживеа за време на Европското првенство во 2021 година.

„Мислам дека му се расипа пејсмејкерот додека играше. Го видов како се фаќа за градите и потоа падна. Веднаш му притрчавме на помош“, изјави Боесен.

Според него, Ериксен брзо дошол при свест, а лекарите сега ќе го анализираат уредот за да утврдат што точно се случило и дали токму тоа било причината за колапсот.

Инцидентот предизвика нова вознемиреност во фудбалскиот свет, особено по драматичните сцени од пред пет години кога Ериксен доживеа срцев застој на натпревар од Европското првенство.

За среќа, првичните информации се охрабрувачки и данскиот репрезентативец е во стабилна состојба, додека лекарските прегледи продолжуваат.