Најдобрата тенисерка во светот, Арина Сабаленка, без поголеми проблеми се пласираше во осминафиналето на Ролан Гарос, откако ја совлада Дарија Касаткина со 6:0, 7:5 по само 75 минути игра.
На теренот „Сузан Ленглен“, Сабаленка стартуваше убедливо и не ѝ дозволи на Касаткина речиси никаква шанса во првиот сет, кој го доби со максимални 6:0.
Касаткина, која настапува под знамето на Австралија, во вториот сет покажа поголем отпор и успеа прва да направи брејк, најавувајќи поизрамнета борба.
Сепак, Сабаленка брзо одговори и ја врати контролата врз играта, израмнувајќи во четвртиот гем. Иако во завршницата се очекуваше неизвесен тај-брејк, првата носителка во 12-тиот гем направи клучен брејк и го затвори мечот во своја корист.

Со оваа победа, Сабаленка продолжува сигурно кон следната фаза од турнирот во Париз.









