Македонската фудбалска репрезентација официјално ги стартуваше подготовките за историскиот плеј-оф натпревар против Данска. Под водство на новиот селектор Гоце Седлоски, „рисовите“ го одработија првиот тренинг во тренинг-комплексот „Петар Милошевски“, со јасна цел – пласман на Светското првенство.
Атмосферата во националниот тим е одлична, а посебно внимание привлече новото име во составот – дефанзивецот на Борац Бања Лука, Себастијан Херера.
Херера: „Го сонував овој дрес – ќе го дадам максимумот!“ За Херера, повикот во македонската репрезентација претставува врв во кариерата. Натурализираниот бек не ја криеше емоцијата и гордоста што ќе има шанса да дебитира во ваков важен натпревар.
„Ова е најголемото нешто што можеше да ми се случи. Долго време го сонував овој дрес и пресреќен сум што конечно сум тука. Подготвен сум да го дадам максимумот и да помогнам на тимот со сето мое срце“, изјави Херера.
Тој истакна дека силната конкуренција на неговата позиција, каде што стандарден е Езџјан Алиоски, му претставува дополнителен мотив да се докаже и да избори место во тимот.
Репрезентацијата продолжува со подготовките, а фокусот останува насочен кон големиот предизвик – дуелот со Данска кој може да донесе нова историска страница за македонскиот фудбал.


















