Каталонската MotoGP трка во Барселона се претвори во вистински кошмар. Само што беше рестартирана по првиот тежок инцидент, веќе во првата кривина следеше нова катастрофа. Судии повторно мораа да ја прекинат трката со црвена знаме, откако во хаотичен судир паднаа Франческо Бањаја, Лука Марини и Жоан Зарко.
Претходниот судар меѓу Педро Акоста и Алекс Маркес очигледно остави трага врз возачите, кои нервозно влегоа во повторениот старт. Марини повлече силно, но Зарко не го забележа навреме и удри директно во него. Силата на ударот ги однесе двајцата право кон актуелниот шампион Бањаја, кој беше буквално „собран“ од патеката.
Иако Бањаја и Марини успеаја да станат и да ја напуштат сцената, најтешко помина Зарко. Французинот беше исфрлен од моторот и силно удри во асфалт, а во еден момент изгледаше дека неговата рака е заглавена во уништениот мотор. Медицинските екипи веднаш поставија паравани околу него за да му укажат помош далеку од очите на публиката.

Во меѓувреме, Алекс Маркес по својот претходен пад беше префрлен во болница за детални прегледи. Организаторите потврдија дека сите возачи од двата инцидента се при свест, што е единствената добра вест во овој црн ден за MotoGP.








