ПРВ.мк

Засилени контроли во Скопје: Полицијата вчера напиша 92 казни, еве за што најмногу се казнуваше во главниот град

Засилени контроли во Скопје: Полицијата вчера напиша 92 казни, еве за што најмногу се казнуваше во главниот град
Jumbo Banner

92 сообраќајни прекршоци синоќа во Скопје, 50 санкционирани возачи на мотоцикл

Синоќа (10/11.05.2025) од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 17.00 до 01.00 часот беше спроведена засилена сообраќајна контрола по Оперативната акција “Безбеден сообраќај”. За време на сообраќајната контрола акцентот беше ставен на учесниците во сообраќајот кои управуваат мотоцикли и велосипеди со помошен мотор.

За време на контролата биле преземени мерки против 92 учесници во сообраќајот, од кои 50 санкции за возачи на мотоцикл. Од нив, 14 за возење мотоцикл без возачка дозвола, 14 санкции за возење без заштитна кацига, девет мерки за возење мотоцикл без положен испит, четири санкции за возење мотоцикл во несоодветна категорија, две мерки за минување со мотоцикл на црвено светло, три санкции за непочитување на даден знак стоп од полициски службеник…

Акциските контроли во рамки на оперативната акција ќе продолжат и во наредниот период со засилен интензитет. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со тоа да придонесеме за побезбедни патишта.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран