ПРВ.мк
Топ Вести

ВНИМАНИЕ: Планирани прекини на струјата во овие скопски општини – проверете дали вашата улица е на списокот!

ВНИМАНИЕ: Планирани прекини на струјата во овие скопски општини  – проверете дали вашата улица е на списокот!

Дел од корисниците во Петровец и Ќојлија утре, 10 август, ќе останат без електрична енергија поради планирани активности на електродистрибутивната мрежа.

Од ЕВН информираат дека прекинот на снабдувањето ќе трае од 09:00 до 12:00 часот, поради изработка на кабелска спојница и активности поврзани со трафостаницата „Макдизел“.

Во наведениот период без електрично напојување ќе бидат и ДТУ „Еуросиг инвестмент“ ДООЕЛ, „Нанев Костадин“, „Брути“, „Лифтас“ ДООЕЛ, „Универзал комерц“ и „Експ-имп“ – друштво за трговија на големо и мало.