Автомобил се запали среде улица на влезот во таканаречената „Пластичарска“ во Скопје.
Според видеото објавено од ТВ21, возилото гори на улицата „Македонско-косовска бригада“, на раскрсницата со булеварот „Никола Карев“ и улицата „Славеј Планина“.
На местото на настанот интервенираше противпожарно возило.
Сè уште нема официјални информации за причината на пожарот ниту за евентуални повредени.

















