ПРВ.мк
Македонија

ВНИМАНИЕ: Висок ризик од лавини на оваа планина во Македонија!

ВНИМАНИЕ: Висок ризик од лавини на оваа планина во Македонија!
Kristal

Националниот парк Шар Планина известува дека на територијата на паркот е присутна висока лавинска опасност, особено над 1700 метри надморска височина.

Зголемената опасност е предизвикана од комбинација на температурни промени, силен ветер и снежни врнежи во изминатите денови, што заедно со теренските карактеристики создава нестабилна снежна покривка и можност за лавини.

По дојава од операторот за слободно скијање „Ескимо спорт“, теренски екипи извршија увид и утврдија дека лавината поминала без човечки жртви и дека нема лица затрупани со лавински уреди. Експертите ја проценија стабилноста на снежната покривка со висок степен на лавинска опасност – 4 од 5 според европската скала.

Апел на Паркот:

  • Избегнувајте движење во потенцијални лавински зони.
  • Не се движете во повисоките делови без придружба на квалификувани лица.
  • Пријавувајте ја вашата посета преку официјалната веб-страница на паркот.

Стручните служби континуирано ја следат состојбата и ќе информираат за сите промени. Зимските убавини на Шар Планина се извонредни, но бараат одговорност, информираност и строго почитување на безбедносните правила. Личната безбедност треба да биде на прво место.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo