Маж со „џип“ му пресекол пат и му се заканувал со оружје во скопско село. Инцидентот се случил вчера претпладне.
- На 29.01.2026 околу 15:00 часот во СВР Скопје, Н.М. (43) од с. Долно Свиларе пријавил дека околу 11:15 часот, додека се движел со својот автомобил во село Долно Свиларе, му бил пресечен патот од возило „џип“ управувано од Р.Н. Пријавителот наведува дека Р.Н. излегол од возилото и му се заканувал со пиштол.
Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

















