ПРВ.мк
Скопје

СКОПЈЕ ДЕНЕСКА СО ПОВЕЌЕЧАСОВНИ ПРЕКИНИ НА СТРУЈА: На овие локации нема да има електрична енергија и до речиси 7 часа!

СКОПЈЕ ДЕНЕСКА СО ПОВЕЌЕЧАСОВНИ ПРЕКИНИ НА СТРУЈА: На овие локации нема да има електрична енергија и до речиси 7 часа!

Повеќе делови од Скопје и околината денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во снабдувањето. За исклучувањата информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), повикувајќи се на известување добиено од ЕВН.

Во општина Аеродром, прекинот ќе започне во 08:30 часот и ќе трае до 15:00 часот. Без струја ќе бидат корисниците на улицата „Коста Новаковиќ“, на делницата од ЗУР Маркет до крајот на слепата улица. Станува збор за прекин во траење од шест часа и 30 минути.

Исклучување е најавено и во Петровец и околните населени места. Од 09:00 до 13:35 часот без електрична енергија ќе останат дел од Петровец, наплатната рампа Петровец, како и селата Миладиновци, Текија и Дељадровце.

Прекинот ќе ги опфати и објектите на „Мак Петрол“ Миладиновци, „М-Стеел“ и ЖТП Миладиновци.

Планирани исклучувања ќе има и на територијата на општина Сопиште. Во Горно Соње, на местото викано Подбрег, електричната енергија ќе биде прекината од 09:00 до 13:00 часот.

Во Долно Соње, пак, прекинот е предвиден од 09:30 до 12:00 часот и ќе ги опфати корисниците на локацијата Димково Лозје.

Од ЦУК посочуваат дека информациите за планираните прекини се добиени од ЕВН.