ПРВ.мк
Скопје

ОВАА ОПШТИНА ОТВАРА ВРАТИ ЗА СТУДЕНТИ: Практикантство со месечен надоместок од 15.000 денари!

ОВАА ОПШТИНА ОТВАРА ВРАТИ ЗА СТУДЕНТИ: Практикантство со месечен надоместок од 15.000 денари!

Општина Центар – Скопје објави јавен повик со кој им нуди на студентите и апсолвентите можност за практикантство и стекнување реално работно искуство во општинската администрација.

Програмата има за цел да ги вклучи младите во секојдневното функционирање на администрацијата, овозможувајќи им практична обука и увид во различни сектори, зависно од потребите на институцијата. Од општината истакнуваат дека ова е начин да се донесе нова енергија и свежи идеи во работата на јавната администрација.

Градоначалникот Горан Герасимовски посочува дека повикот е отворена можност за младите да го започнат својот професионален пат и да се запознаат одблиску со функционирањето на локалната самоуправа.

Практикантите кои ќе бидат избрани ќе добиваат месечен надоместок од 15.000 денари, а ангажманот може да трае најмногу шест месеци, согласно Законот за практикантство. Според правилата, ова право е еднократно и се однесува на ограничен број учесници.

На повикот може да се пријават студенти и апсолвенти од државни, приватни и меѓународни факултети кои се жители на општината. Максималниот број на практиканти што ќе бидат ангажирани е осум.

Кандидатите треба да достават пријава, доказ за статус на студент или апсолвент, копија од лична карта, трансакциска сметка и кратка биографија, кои се поднесуваат во архивата на општината.

Со оваа програма, општината се приклучува кон иницијативите за поголема вклученост на младите во институциите и нивна полесна транзиција од образование кон работен ангажман.

Најнови вести