ПРВ.мк
Балкан

БРУТАЛНА ЛИКВИДАЦИЈА: Сопружници изрешетани во движење - случај што го потресе регионот!

БРУТАЛНА ЛИКВИДАЦИЈА: Сопружници изрешетани во движење - случај што го потресе регионот!

Тешко и шокантно убиство се случи денес во селото Балдрен, во близина на градот Лежа во Албанија, каде животот го загубија брачен пар во директен вооружен напад додека се движеле со автомобил.

Според првичните информации од истрагата, нападот бил изведен во движење, по метод „возило против возило“, при што од друго возило било отворено автоматско оружје врз автомобилот на жртвите. Во моментот на нападот сопружниците се наоѓале во својот автомобил „Ауди“, кој бил целосно изрешетан од истрели.

Напаѓачите веднаш по пукањето побегнале од местото на настанот, оставајќи го возилото на жртвите запрено, а лекарските екипи на терен констатирале смрт кај двете лица.

Полициските сили веднаш го блокирале поширокиот реон и започнале интензивна потрага по сторителите, додека се проверуваат сите можни правци на бегство и мотивите зад нападот.

Идентитетот на еден од убиените е потврден – станува збор за Крешник Мујечи, лице кое според албанските медиуми има претходно криминално досие и е познато на органите на прогонот. Тој во минатото бил поврзан со сериозни кривични дела, вклучително и претходни случаи на насилство.

Овој инцидент доаѓа во период на зголемена безбедносна тензија во регионот, откако во истиот викенд се регистрирани и други трагични настани, вклучително и повеќе сообраќајни несреќи со фатални последици во Албанија.

Најнови вести