ПРВ.мк
Наука/Технологија

АЛАРМ ЗА ЗДРАВЈЕ: Се повлекува познат лек против горушица - еве како да проверите дали го имате во вашиот дом!

АЛАРМ ЗА ЗДРАВЈЕ: Се повлекува познат лек против горушица - еве како да проверите дали го имате во вашиот дом!

Американската агенција за храна и лекови (Food and Drug Administration – FDA) неодамна објави повлекување на една серија од популарен лек за горушица, откако корисници пријавиле промена на бојата на таблетите.

Индиската компанија Hetero Labs Limited на 26 март повлече една серија таблети пантопразол натриум, додека FDA на 17 април оваа мерка ја класифицираше како повлекување од класа II, што значи дека ризикот од сериозни здравствени последици е низок, се наведува во образложението за повлекувањето.

Како да го препознаете спорниот лек

Пантопразол спаѓа во групата лекови познати како инхибитори на протонската пумпа и се користи за намалување на желудочната киселина, како и за лекување на горушица, рефлукс и чир.

Повлечени се повеќе од 4.000 шишиња низ земјата, и тоа конкретно:

  • Пантопразол натриум таблети со одложено ослободување 40 mg
  • Пакување од 1.000 таблети
  • Број на серија FD253967
  • Рок на траење 26 јуни 2027 година

Таблетите кои инаку се жолти и издолжени се повлечени откако компанијата примила пет пријави дека се „потемни од вообичаено и со посветли дамки“.

Што да направите ако го имате овој лек

Доколку постои можност дека ја имате оваа серија во домот, потребно е да го проверите пакувањето и бројот на серијата, како и да обрнете внимание на евентуални промени во бојата на таблетите.

Таблети кои изгледаат невообичаено не треба да се користат.

Сепак, лекарите предупредуваат дека терапијата со инхибитори на протонската пумпа не треба нагло да се прекинува без консултација со стручно лице, бидејќи тоа може да предизвика враќање на симптомите и зголемено лачење на киселина.

Во случај на дилема, препораката е да се обратите кај фармацевт или лекар за да добиете соодветна замена или алтернативна терапија.

Најнови вести