Во засилена сообраќајна акција спроведена на 25 април од 12:00 до 20:00 часот на подрачјето на Скопје (Центар, Аеродром, Бит Пазар и Чаир), полицијата санкционирала вкупно 105 возачи на мотоцикли, велосипеди со помошен мотор, трицикли и четирицикли.
Најчест прекршок бил неносење заштитен шлем, за што биле изречени 50 казни. Дел од возачите биле санкционирани и за возење без соодветна дозвола, управување нерегистрирани возила, како и за други сообраќајни прекршоци.
Во текот на контролата привремено бил одземен и еден мотоцикл кој бил нерегистриран подолг период (повеќе од шест месеци).
Од МВР најавуваат дека ваквите контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, и повторно апелираат до возачите да ги почитуваат правилата и прописите.









