ПРВ.мк
Скопје

НОВИ СУБВЕНЦИИ: 18.000 денари за сите што ќе ја применат оваа алтернатива!

НОВИ СУБВЕНЦИИ: 18.000 денари за сите што ќе ја применат оваа алтернатива!
Kristal

Жителите на Општина Гази Баба можат да аплицираат за субвенции за вградување уреди за течен гас, метан или други видови на алтернативно гориво во своите возила за 2026 година.

Локалната власт ќе покрие до 50% од трошоците, но не повеќе од 18.000 денари по возило, а субвенција може да се добие само за едно возило по семејство.

Право на учество имаат жители кои поседуваат возило произведено по 1 јануари 2007 година. Аплицирањето се врши со доставување на барање и потребната документација во затворен плик до Општината. Изборот ќе биде според принципот „прв дојден, прв услужен“.

Јавниот повик трае до 30 ноември 2026 година или до исцрпување на средствата.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo