ПРВ.мк
Македонија

(ВИДЕО) ПОЛИЦИЈАТА ВО АКЦИЈА: Спречен шверц на 4.800 пакувања никотински кесички!

(ВИДЕО) ПОЛИЦИЈАТА ВО АКЦИЈА: Спречен шверц на 4.800 пакувања никотински кесички!
Kristal

Царинската управа спречи обид за шверц на 4.800 пакувања никотински кесички со вкупна вредност од 1,2 милиони денари. Стоката и возилото се запленети, а осомничениот е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава за криумчарење, казниво според Кривичниот законик.

Контролата се извршила при влез во земјата на граничниот премин „Табановце“, кога мобилниот царински тим го застанал возилото. Во него биле пронајдени 4.752 пакувања никотински кесички со никотин и 48 пакувања снус (никотин и тутун).

Во предистражната постапка било утврдено дека стоката требало да биде предадена на лице за кое минатата година Царинската управа поднела кривична пријава за прикривање на стоки предмет на криумчарење, вклучувајќи цигари без акцизни маркички и царинска измама.

ВИДЕО

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo