ПРВ.мк
Македонија

„Кој ги уби нашите деца?“ – Џамбазов ја рецитира „Крвава бајка“ на „Бубамара“ во чест на жртвите од Пулс!

„Кој ги уби нашите деца?“ – Џамбазов ја рецитира „Крвава бајка“ на „Бубамара“ во чест на жртвите од Пулс!
Kristal

Македонската шоу-бизнис легенда, Игор Џамбазов, синоќа ја допре публиката на 29. издание на „Златна Бубамара на популарноста“ со емотивно обраќање и почит кон младите кои загинаа во пожарот во Кочани. Тој ја рецитираше поемата „Крвава бајка“ од српската поетеса Десанка Максимовиќ, инспирирана од масакрот во Крагуевац за време на Втората светска војна, кога нацистите убија илјадници ученици и жители.

„Беше тоа во некоја земја на селани, на брдовитиот Балкан, умреа со маченичка смрт цела чета ученици за еден ден...“ – прочита Џамбазов, а потоа го поврза трагичниот настан со пожарот во Кочани од 16 март 2025 година, кога 64 луѓе загинаа, а над 200 беа тешко повредени.

„Кој ги уби децата од Кочани? Фашисти? Не. Ги убија наши – неодговорни луѓе. Луѓе – нелуѓе. Тоа е новиот фашизам, нахранет со алчност, корупција и незнаење“, истакна Џамбазов, додека на видеобимот беше испишан насловот „Македонска крвава бајка“.

Тој потсети и на историскиот споменик во Крагуевац, каде наставник со градите ги заштитил учениците, прашувајќи: „Како кај нас не се најде некој да го каже тоа, да ги заштитеше овие деца?“

Во текот на церемонијата беа прикажани и фотографии од починатите членови на групата „ДНК“, како и дел од тимот на „Златна Бубамара“, вклучувајќи го и тонецот Игор Велков. Џамбазов посебно се сети на професорката по пијано и придружен вокал, Сара Пројковска: „Сара десет години на оваа сцена ми го чуваше грбот. Никогаш нема да ја заборавам“.

Солзи и громогласни овации одекнуваа низ салата, додека присутните во молк ја доживуваа болката и споменот на трагедијата.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape