ПРВ.мк
Црна Хроника

Откриено целото име и презиме на најмладата жртва на серискиот убиец - обдукцијата откри морничави детали!

Откриено целото име и презиме на најмладата жртва на серискиот убиец - обдукцијата откри морничави детали!
Kristal

Семејството Мартиновски пред еден месец ја испратило во вечност својата 35-годишна ќерка, убедено дека смртта настапила како последица на алкохол. Но, по наредба на обвинителството била извршена ексхумација и обдукција, која покажала дека станува збор за насилна смрт. Со тоа, трагичниот случај доби сосема поинаква димензија и се поврза со истрагата за серијата убиства што ја потресоа јавноста во Старо Нагоричане.

Таткото на Марија јавно проговори за болката и шокот по новите сознанија. Тој раскажува дека семејството ја погребало ќерката верувајќи дека станува збор за несреќен случај. За нејзината смрт, како што вели, дознале од соседи. Таа живеела кај роднини во Старо Нагоричане и, според неговите зборови, се познавала со осомничениот, кому му се жалела дека ја следи и ѝ досаѓа.

Според исказот на таткото, Марија пријавила во полиција дека чувствува вознемирување. Полицајци дошле, но осомничениот не бил дома и, како што тврди семејството, не биле преземени понатамошни мерки. Неколку дена подоцна следувала трагедијата.

Соседите, по барање на семејството, отишле да проверат што се случува, откако не можеле да стапат во контакт со неа. Вратите биле отворени, ја повикувале, но немало одговор. Телото било пронајдено во домот, делумно покриено. На местото пристигнала полиција, а потоа и медицински екипи кои ја констатирале смртта.

Кобната вечер, неколку минути пред полноќ, Марија се јавила кај своето семејство. Им кажала дека некој чука на вратата и дека ќе се скрие. Овој детал дополнително ја засили сомнежот дека станува збор за насилен чин. Судска медицина потврдила дека и во нејзиниот случај, како и кај претходната повозрасна жртва од Челопек, смртта била насилна.

Директорот на Институтот за судска медицина, Станков, информираше дека се подготвува писмениот извештај од обдукцијата, како и резултатите од ДНК анализите, кои треба да бидат доставени до обвинителството во најкраток можен рок.

Осомничениот за случаите се наоѓа во 30-дневен притвор во Затвор Куманово. Му бил извршен лекарски преглед и, според информациите, се наоѓа во добра здравствена состојба.

Истрагата продолжува, а обвинителството и надлежните институции проверуваат повеќе случаи со цел да се утврди целосната одговорност и евентуалната поврзаност меѓу жртвите. Случајот и натаму предизвикува силна вознемиреност и бројни прашања во јавноста.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape