ПРВ.мк
Скопје

ГОЛЕМ ИНТЕРЕС УШТЕ ОД ПРВИОТ ДЕН: Скопјани навалија во новата продавница што сите ја чекаа со месеци!

ГОЛЕМ ИНТЕРЕС УШТЕ ОД ПРВИОТ ДЕН: Скопјани навалија во новата продавница што сите ја чекаа со месеци!

Долгото исчекување конечно заврши – денес во Скопје официјално ги отвори своите врати популарниот малопродажен бренд Pepco, а интересот кај граѓаните ги надмина очекувањата уште во првите часови од работењето.

Точно во 10 часот наутро, истовремено беа отворени двете нови продавници во Capitol Mall и Ramstore Mall, каде уште пред почетокот на работното време се собраа голем број посетители кои со нетрпение го очекуваа отворањето.

Двете локации веднаш беа исполнети со купувачи кои разгледуваа производи и ги искористија можностите за шопинг по поволни цени. Големиот интерес не е изненадување ако се земе предвид дека со месеци наназад граѓаните зборуваа за доаѓањето на Pepco на македонскиот пазар.

Брендот е препознатлив по широката понуда која вклучува женска, машка и детска облека, производи за домот, декоративни додатоци, играчки и многу други артикли по пристапни цени, што е една од главните причини за неговата популарност низ Европа.

Отворањето беше проследено и со свечена атмосфера. За посетителите беше подготвена торта, а во текот на денот се организираат музичка програма и различни забавни активности кои дополнително придонесуваат за празничното расположение.

Големиот број посетители уште од првиот ден покажува дека интересот за брендот е огромен и дека Pepco брзо би можел да стане едно од омилените места за шопинг на скопјани кои бараат разновидна понуда и достапни цени на едно место.

Најнови вести