ПРВ.мк
Скопје

ДРАМА ВО ПОЗНАТИОТ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР: Извршена итна евакуација на посетителите - еве што се случило!

ДРАМА ВО ПОЗНАТИОТ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР: Извршена итна евакуација на посетителите - еве што се случило!

Краткотрајна паника денеска настана во трговскиот центар „Ист гејт“ во Скопје, откако бил активиран противпожарниот аларм, по што согласно безбедносните процедури следувала итна евакуација на сите посетители и вработени.

Граѓаните биле насочени надвор од објектот додека безбедносните служби ја проверувале состојбата, што предизвикало загриженост кај дел од присутните.

По извршената проверка, било утврдено дека станува збор за лажна тревога, односно дека алармот бил активиран по грешка кај еден од закупците, без реална опасност од пожар.

Од трговскиот центар потврдија дека нема никаква закана за посетителите.

„Се вклучил аларм кај закупец, но по грешка, нема никаков пожар и трговскиот е безбеден“, информирале од „Ист гејт“.

По расчистувањето на ситуацијата, објектот продолжил со редовна работа.

Инцидентот уште еднаш покажа дека безбедносните протоколи функционираат, а брзата евакуација овозможила ситуацијата да биде ставена под целосна контрола без последици.