ПРВ.мк
Скопје

ФИЛМСКА МАГИЈА: Десет дена кино под ѕвездите низ парковите на оваа скопска општина!

ФИЛМСКА МАГИЈА: Десет дена кино под ѕвездите низ парковите на оваа скопска општина!

Општина Центар започнува нова иницијатива наменета за најмладите граѓани, преку која децата ќе имаат можност да уживаат во филмски проекции, дружење и едукативна забава на отворено.

Како што информира градоначалникот Горан Герасимовски, проектот „Патувачко кино“ нуди поинакво културно и образовно доживување за децата. За потребите на проектот е подготвен специјален македонски детски филм составен од повеќе кратки приказни со поучна содржина.

Преку филмот, најмладите ќе учат за важни животни вредности како што се почитта, другарството, културата на однесување и секојдневните навики кои можат да направат голема разлика во општеството.

Проекциите ќе се организираат на повеќе локации низ општина Центар, а за сите присутни деца ќе бидат обезбедени бесплатни пуканки и сокче.

Првата проекција во рамки на „Патувачко кино“ е закажана за вторник во паркот во Капиштец, каде најмладите ќе можат да уживаат во филмска вечер под отворено небо.