ПРВ.мк
Скопје

АЛАРМ НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ: Секундарниот радар не работи - што значи за летовите?

АЛАРМ НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ: Секундарниот радар не работи - што значи за летовите?
Kristal

Секундарниот надзорен радар (MSSR) на аеродромот „Скопје“ привремено нема да биде во функција, соопштија од воздухопловните служби преку NOTAM известување. Надлежните информираат дека радарот, кој овозможува идентификација на авионите, нивната висина и кодови, ќе биде надвор од употреба од 28 ноември до 29 декември.

Ограничувањето важи за инструменталниот воздушен сообраќај и за ен-рут воздушниот простор под контрола на Скопје. Сепак, службите нагласуваат дека безбедноста на летовите не е загрозена, бидејќи контролата на летање продолжува да функционира преку алтернативни технички и оперативни процедури, како и со останатите радари кои се во функција.

Аеродромот „Скопје“ останува отворен за сообраќај, а дополнително е издаден и краткотраен NOTAM за контролната кула на аеродромот во Стенковец. Според него, услугите на контролата на кула (ATC TWR) нема да се извршуваат денеска од 08:15 до 10:30 часот.

FixCredit
Escape