ПРВ.мк
Скопје

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Оваа скопска општина денес останува без вода - ова е причината!

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Оваа скопска општина денес останува без вода - ова е причината!

Жителите на дел од скопската Општина Центар утре, 4 мај 2026 година (понеделник), ќе останат без вода поради интервенција за санирање уличен водоводен дефект на улицата „Ленинова“.

Според информациите од ЈП Водовод и канализација – Скопје, прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 09:00 часот и ќе трае сè до целосно завршување на дефектот и нормализирање на мрежата.

Без вода ќе бидат корисниците на улицата „Ленинова“, конкретно на потегот од улицата „Никола Тримпаре“ до булеварот „Партизански Одреди“.

Надлежните посочуваат дека станува збор за неопходна техничка интервенција со цел отстранување на проблемот во водоводната инфраструктура, а времетраењето на прекинот ќе зависи од сложеноста на работите на терен.

На жителите од овој дел на Центар им се препорачува навремено да обезбедат резерви на вода за основните потреби додека трае интервенцијата.