ПРВ.мк
Скопје

СКОПЈЕ ДЕНЕС ПОВТОРНО БЕЗ СТРУЈА: Погледнете кои населби ќе имаат прекин!

СКОПЈЕ ДЕНЕС ПОВТОРНО БЕЗ СТРУЈА: Погледнете кои населби ќе имаат прекин!

Делови од неколку скопски општини денес ќе останат без електрична енергија во различни временски интервали поради планирани технички интервенции на мрежата, информираат од EVN Macedonia.

Од компанијата соопштуваат дека прекините се дел од редовни активности за одржување и подобрување на електродистрибутивниот систем, со цел да се обезбеди постабилно и поквалитетно снабдување во иднина.

Во општините Бутел и Карпош, прекин на електричната енергија е најавен во периодот од 08:00 до 12:00 часот. Без струја ќе бидат корисниците на улиците „Костурска“ и „Тале Христов Слога“, како и објектите Клиника ВФВ и Санте Плус.

Во Кисела Вода, поточно во населбата Драчево, прекинот ќе трае од 08:30 до 14:30 часот и ќе ги опфати домаќинствата на дел од улицата „Јустинијан I“.

Во општина Шуто Оризари, електрична енергија нема да има од 08:30 до 16:00 часот. Засегнати ќе бидат корисниците на улиците „Пелагонија“, „Брсјачка Буна“ и „Индира Ганди“.

Од ЕВН апелираат граѓаните да имаат разбирање за привремените прекини, истакнувајќи дека интервенциите се неопходни за подобрување на инфраструктурата и сигурноста на електричната мрежа.