ПРВ.мк
Скопје

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВА АТРАКЦИЈА: Проектирањето и монтажата започна - еве за што станува збор!

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВА АТРАКЦИЈА: Проектирањето и монтажата започна - еве за што станува збор!
Kristal

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и премиерот Христијан Мицкоски ја презентираа новата локација на луна паркот во Скопје на 16 ноември 2025 година, каде што ќе се изградат бројни атракции за деца и семејства. Панорамско тркало, пиратски брод, подморница, среќна лулашка, интерактивни игри и зони со виртуелна реалност се само дел од реквизитите што ќе го красат просторот од вкупно 84.000 квадратни метри.

Според градоначалникот Ѓорѓиевски, станува збор за ултра модерен луна парк кој ќе се гради според највисоки европски стандарди и ќе предничи како еден од најдобрите во регионот.

„По изминати децении во кои генерации деца беа лишени од место за игра, радост и незаборавни моменти, конечно започнуваме со реализација на проект што ќе ја означи новата ера на семејна забава во нашиот град. На овој простор ќе никне место каде семејствата ќе поминуваат квалитетно време заедно, каде ќе има зони за одмор, улична уметност, локации за културни настани, театар со затворена сцена и уште многу други реквизити кои ќе создадат уникатна атмосфера што ќе го збогати туристичкиот имиџ на Скопје“, објави Ѓорѓиевски на својот профил на Фејсбук.

Градоначалникот истакна дека луна паркот ќе биде целосно прилагоден и за лицата со попреченост, со најсовремени системи за безбедност, видеонадзор и обезбедена прва помош, обезбедувајќи безбедно и квалитетно искуство за сите посетители.

FixCredit
Escape