ПРВ.мк
Скопје

ДОБРА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ: Казните од „Сејф сити“ се одложуваат - ова е клучниот датум!

ДОБРА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ: Казните од „Сејф сити“ се одложуваат - ова е клучниот датум!
Kristal

Системот за автоматско регистрирање и санкционирање на сообраќајни прекршоци „Сејф сити“ ќе почне со работа еден месец подоцна од планираното. Наместо од Нова година, казнувањето ќе стартува од 1 февруари. Одложувањето е донесено за да се продолжи тест-периодот, во кој Министерството за внатрешни работи и граѓаните детектираа низа пропусти и нелогичности во системот.

Еден од проблемите се однесува на возилата на лизинг и рент-а-кар, каде што казните автоматски пристигнуваат до компаниите, а не до возачите кои реално управувале со автомобилите во моментот на прекршокот. Кај службените и комерцијалните возила, системот „Сејф сити“ ги евидентира прекршоците на име на формалниот сопственик, што го отежнува процесот на утврдување на одговорност и може да доведе до доцнење или пропуштање на рокот за плаќање со намалена казна. Министерството за внатрешни работи соопшти дека има решение за овој проблем.

„Правните лица кои возилото го дале на користење на нивните вработени ќе издадат патен налог, кој ќе служи како доказ за тоа кое лице во моментот на прекршокот го управувало возилото. Лизинг компаниите и рент-а-кар компаниите ќе имаат обврска кон МВР да доставуваат список или информации за лицата кои ги користат возилата, со цел пренесување на одговорноста при сторен сообраќаен прекршок“, наведуваат од МВР.

До февруари ќе се работи на елиминирање на техничките грешки, подобрување на препознавањето на регистарските таблички и појасно дефинирање на одговорноста кај возилата во сопственост на правни лица. Целта е казните да бидат точни, правични и неселективни пред камерите да започнат со изрекување на глобите.

Тестирањето започна на 1 декември, кога само во првиот ден беа регистрирани повеќе од 110 илјади прекршоци. Овие бројки отворија дилеми дали се работи за реална слика на сообраќајната култура или за слабости во системот, што дополнително ја оправдува потребата од одложување на стартот.

Системот „Сејф сити“ засега функционира во Скопје, Куманово и Тетово, како и долж коридорите 8 и 10д.

FixCredit
Escape