ПРВ.мк
Скопје

Важно известување од ЕВН: Овие улици утре ќе останат без електрична енергија

Важно известување од ЕВН: Овие улици утре ќе останат без електрична енергија

Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре (29 јуни) делови од Скопје ќе останат без електрична енергија, информираат од ЕВН Македонија.

Во општина Кисела Вода, поточно во населбата Драчево, од 05:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата „Герника“ на броевите 8 и 10, како и објектите на улицата „Иван Хаџиниколов“ на броевите 3 и 5.

Планирани прекини ќе има и во општина Карпош. Од 09:00 до 13:00 часот без напојување ќе останат дел од објектите на улицата „Вангел Дину“, како и дел од непарните броеви на улицата „Франц Прешерн“ во населбата Влае.

Од ЕВН апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите активности, бидејќи прекините се поради редовни технички интервенции со цел подобрување на сигурноста на електромрежата.