По разводот, Сале Тропико откри детали од приватниот живот: Јована претходно порача дека никогаш повеќе нема да се омажи
Познатиот српски пејач Александар Цветковиќ, попознат како Сале Тропико, отворено проговори за односот со поранешната сопруга, пејачката Јована Пајиќ, со која има две ќерки.
Во гостување во поткастот „Змајкаст“, пејачот најпрво се пошегува на сметка на поранешната сопруга, а потоа откри како функционира нивниот однос по разводот.
„За Јована не можам да зборувам, забрането ми е да зборувам за тоа. Се шегувам, многу се сакавме и ја завршивме нашата животна приказна, а фала му на Бога, имаме две прекрасни деца“, изјави Сале.
Тој нагласи дека, и покрај разделбата, со Јована останале во добри односи и дека најважна им е грижата за нивните ќерки.
„Таа е прекрасна жена и мајка“, истакна пејачот, зборувајќи со почит за поранешната сопруга.
Сале откри и дека нивните ќерки имаат голем талент за музика, особено Хелена, која, според него, одлично пее.
Сепак, нагласи дека образованието во моментов им е приоритет и дека ниту тој ниту Јована немаат намера да ги принудуваат да се занимаваат со музика.
„Тоа се тинејџерки кои растат со свое темпо и имаат свои секојдневни обврски“, објасни тој.
Од друга страна, Јована Пајиќ претходно јавно изјави дека не планира повторно да стапи во брак.
„Дефинитивно никогаш повеќе нема да се омажам“, порача пејачката, објаснувајќи дека смета оти квалитетна и долготрајна врска може да постои и без брак.
Иако нивната љубовна приказна завршила, Сале со своите изјави покажа дека меѓу нив останале меѓусебната почит и заедничката посветеност на семејството.










