ПРВ.мк
Сцена

(ВИДЕО) Шокантни снимки за Мајкл Џексон: „Ако не можам да бидам со деца, би се убил“ – нови морничави детали!

(ВИДЕО) Шокантни снимки за Мајкл Џексон: „Ако не можам да бидам со деца, би се убил“ – нови морничави детали!
Kristal

Во новата ТВ-документарна серија „Судењето“ (The Trial) ќе бидат прикажани досега необјавени аудио и видеоснимки во кои Мајкл Џексон отворено зборува за своите најинтимни мисли и чувства поврзани со децата. Станува збор за материјали обезбедени од британската продукциска куќа Wonderhood Studios, а серијата ќе се емитува во среда, на 4 февруари, на Канал 4, пренесува британскиот таблоид „Сан“.

Во овие снимки, поп-ѕвездата без задршка зборува за својата длабока опсесија со децата, изнесувајќи ставови кои денес предизвикуваат силни реакции и сериозна загриженост.

Во еден од најконтроверзните моменти, Џексон изјавува дека животот без близина со деца за него би бил невозможен, дури и до степен на самоуништување:

„Ако сега ми кажат: ‘Мајкл, никогаш повеќе нема да можеш да видиш дете’, јас би се убил“, се слуша во една од снимките.

Во друг дел, тој признава дека децата често развиваат емоционална приврзаност кон него:

„Децата се заљубуваат во мојата личност. Понекогаш тоа ми создава проблеми.“

Снимките нудат нов и вознемирувачки увид во неговиот однос со Гевин Арвизо, момчето кое подоцна, во судскиот процес во 2005 година, го обвини Џексон за сексуална злоупотреба. Во необјавените кадри се прикажува како Џексон признава дека делел кревет со деца, организирал пикници и поминувал многу време со нив на својот имот Неверленд.

Иако Џексон беше ослободен од сите 14 обвиненија, меѓу кои и повеќе точки за злоупотреба на дете, давање алкохол на малолетник и наводна завера со цел изолација на семејството Арвизо, новите снимки повторно ја отвораат јавната дебата околу неговото однесување.

Извор кој ги слушнал аудиоснимките вели дека содржината е длабоко вознемирувачка:

„Има нешто исклучително необично и морничаво во фасцинацијата на Џексон со деца, особено со оние што не се негови. Да се слуша неговиот глас како зборува за тоа, со оглед на обвинувањата за злоупотреба, отвора сериозни прашања за неговата психичка состојба и намери.“

Истиот извор додава дека снимките го прикажуваат Џексон во неговата најотворена и најранлива форма, додека зборува за тоа како децата станувале емоционално врзани за него и како тој не гледал ништо проблематично во тоа да ги носи во својот дом или во својот кревет, без присуство на родители.

Во еден дел се опишува и неговиот однос со Гевин додека момчето боледувало од рак. Џексон раскажува дека му зборувал како изгледа како ангел и дека постојано му давал надеж за оздравување, иако дел од лекарите сметале дека состојбата е терминална.

Извршниот продуцент на серијата, Том Енстис, вели дека овие снимки носат сосема нова перспектива:

„Овие необјавени аудиоснимки нудат редок и длабок увид во психата и душата на Мајкл Џексон. Тие помагаат подобро да се разбере кој бил тој, како размислувал и кои моменти го обликувале неговиот живот. Снимките се сурови, искрени и во одредени моменти се чувствува дека е на работ на солзи.“

ВИДЕО

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo