ПРВ.мк
Сцена

Платата на Гудељ отвори тема – колку навистина заработува зетот на Цеца

Платата на Гудељ отвори тема – колку навистина заработува зетот на Цеца

Немања Гудељ и Анастасија Ражнатовиќ веќе подолго време го градат својот живот во Севиља, каде што живеат далеку од балканската јавност, но сепак остануваат под будното око на медиумите. Нивниот дом во Шпанија често привлекува внимание, особено по фотографиите и видеата што повремено ги објавуваат на социјалните мрежи.

Станува збор за пространа и модерно уредена вила сместена во близина на морето, со двор, базен и амбиент кој потсетува на вистинска медитеранска оаза. Домот е опремен со современ мебел и нуди целосен комфор, а секој детал е уреден со вкус и според актуелните трендови.

Освен по приватниот живот, Гудељ е во фокусот и поради високите примања што ги има како професионален фудбалер. Според податоци објавени на специјализирани спортски платформи, тој заработува околу 78.846 евра неделно, додека на годишно ниво сумата достигнува повеќе од 5 милиони евра. Во дел од објавите се споменува и уште повисока неделна заработка.

Љубовната приказна на Немања и Анастасија започнала преку заеднички пријател, а нивната врска брзо прераснала во сериозна љубов. По тајната црковна венчавка, парот подоцна направи и граѓанска церемонија во тесен семеен круг. Од семејството тогаш порачаа дека најважно е двајцата да се сакаат, почитуваат и низ животот да одат заедно со разбирање и љубов.