ПРВ.мк
Сцена

(ФОТО) ЛЕПА БРЕНА ГИ РАЗБЕСНИ ФАНОВИТЕ: Ги оттурна фановите со една реченица што сите ја коментираат!

(ФОТО) ЛЕПА БРЕНА ГИ РАЗБЕСНИ ФАНОВИТЕ: Ги оттурна фановите со една реченица што сите ја коментираат!

И додека јавноста не штедеше пофалби за двата распродадени концерти и спектаклот што го приреди, дел од фановите на Лепа Брена во Тузла останаа разочарани од нејзиното однесување надвор од сцената.

Нејзиното доаѓање во градот, по настапите во салата „Мејдан“, привлече огромно внимание, но наместо само позитивни реакции, престојот предизвика и поделени мислења меѓу граѓаните и обожавателите.

Иако концертите поминаа во одлична атмосфера и беа целосно распродадени, случувањата надвор од сцената добија поинаков тек. Според медиумите, пејачката била фотографирана во текот на денот во поопуштено и речиси непрепознатливо издание, додека престојувала во градината на еден бар заедно со пријатели и соработници.

Сепак, како што тврдат присутните, таа не била расположена за контакт со фановите. Наводно, не дозволувала приближување ниту фотографирање, реагирајќи со одмавнување со раката кога некој ќе се обидел да ѝ се доближи.

На дел од нив, според сведочењата, им се обратила со зборовите дека сака на мир да го испие кафето, што кај многумина оставило впечаток на дистанца и незадоволство.

Порталите кои ја објавија фотографијата потенцираат дека иако е разбирливо јавните личности да имаат потреба од приватност, дел од публиката смета дека токму фановите се тие што стојат зад нивниот успех и дека очекуваат барем краток момент на внимание.

Како контраст во ваквите ситуации често се споменува Халид Бешлиќ, кој е познат по својата блискост и пристапност кон публиката.

Настанот предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, каде што се појавија бројни критики. Дел од коментарите беа остри и директни, при што некои корисници дури повикаа и на бојкот, сметајќи дека ваквиот однос не е соодветен кон луѓето кои ја поддржуваат со години.

Според локалните медиуми, од концертите во Тузла, Лепа Брена заработила околу 200.000 конвертибилни марки, односно приближно 100.000 евра.

Пејачката засега не се огласила по повод овие реакции.

Ова не е првпат да се појават вакви коментари. Во минатото, на социјалните мрежи се прошири и видео од Загреб, каде по настап, обожавателите се обидувале да добијат фотографија, но таа само кратко им одговорила и си заминала, што повторно отвори дебата за односот на јавните личности кон публиката.