ПРВ.мк
Сцена

ГОЛЕМИ ИМИЊА НА СЦЕНАТА: Ова се концертите кои следуваат идниве месеци - ова не треба да го пропуштите!

ГОЛЕМИ ИМИЊА НА СЦЕНАТА: Ова се концертите кои следуваат идниве месеци - ова не треба да го пропуштите!
Kristal

Прагма продукција ја најавува една од најамбициозните концертни сезони досега, со низа светски и регионални ѕвезди кои ќе настапат во Скопје и Охрид.

Февруари – Март 2026:

  • 28 февруари: Шоуто „K-POP FOREVER“ во „Борис Трајковски“, мултимедијален спектакл посветен на глобалната К-поп сцена.
  • 7 март: Концертот „Километри љубов – Love Weekend Special“ на Лозано, полн со романтични хитови.
  • 13 март: Настап на Хугел со забавниот концепт „Up All Night“.
  • 14 март: Концертот „One Night Two Stars“ со Дорис Драговиќ и Петар Грашо.

Април 2026:

  • 18 април: Севeрина настапува со концертот „Ја само пјевам“ во „Борис Трајковски“, настан кој веќе предизвикува голем интерес кај публиката.

Летна сезона во Охрид:

  • 1 август: Рита Ора го исполнува стадионот „Билјанини Извори“, повторно ставајќи го Охрид на музичката карта на регионот.
  • 5 август: Настан „Дупер – Антички“ во Античкиот театар.
  • 8 август: Жељко Самарџиќ настапува на истата сцена.

Ноември 2026 – Кулминација на концертната сезона:

  • 7 ноември: Во „Борис Трајковски“ ќе настапи британската соул-ѕвезда Емили Сандеј, концерт што се очекува да биде еден од највпечатливите музички настани во годината.

Со внимателно одбрана програма која ги обединува светските ѕвезди, регионалните миленици и современите музички феномени, Прагма продукција најавува динамична и жанровски разновидна концертна година, која ќе ја позиционира Македонија на мапата на големите музички турнеи во 2026 година.

🎫 Карти по пониски цени може да се набават на kupikarta.com.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape