Утре и во вторник во индустрискиот дел на Битола ќе се асфалтира улицата „Бурса“, зафат кој ќе се одвива од спој со улица „Македонска фаланга“, сообраќајница која води кон граничниот премин Меџитлија, до спој со новопроектираната улица „Индустриски пат“ во индустрискиот дел на градот.
Од Општина Битола соопштија дека заради непречена реализација на активностите, утре и во вторник, на потегот меѓу новопроектираната улица „Индустриски пат“ до битолската „Пивара“, и кон Фабрика за квасец и алкохол и Фабрика за шеќер, улицата ќе биде целосно затворена за сообраќај.
Во соопштение до јавноста се посочува дека 24 часа поради асфалтирање кое ќе се изведува во текот на целиот ден, режимот на сообраќај ќе се применува и за пристапот од село Поешево и улица „Прогрес“ кон улица „Бурса“.