ПРВ.мк

Утре без струја повеќе делови од Тетово и околината

Утре без струја повеќе делови од Тетово и околината

ЕВН најави планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија за вторник, 15 април, кои ќе опфатат неколку делови од Тетово и околните населени места.

Во градот Тетово, струја ќе нема од 09:00 до 12:00 часот на објектите во близина на крстосницата од улиците „Благоја Тоска“ и „29 Ноември“. Дополнително, од 12:00 до 13:00 часот без струја ќе остане и објектот на ОУ „Братство Мигјени“ во населбата Дреновец.

Во селото Долно Палчиште, прекинот ќе трае од 09:00 до 14:00 часот и ќе опфати дел од населеното место.

Слична ситуација ќе има и во селото Слатино, каде дел од центарот кај Џамијата ќе биде без струја од 09:00 до 14:30 часот.

Vero

Од ЕВН апелираат граѓаните навремено да се прилагодат на најавените прекини и да ги преземат потребните мерки.

Agria