ПРВ.мк

Уште од првиот ден ми е почната кампањата, вели Коњановски

Уште од првиот ден ми е почната кампањата, вели Коњановски

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, гостуваше на емисијата „Заспиј ако можеш“ со Драган Милосавлевиќ на ТВ Алфа, зборуваше за актуелното раководење со градот на конзулите, можностите и предизвиците кои ги адресира општината.
„Често користам прилика да им се извинам на граѓаните за потешкотии за ваквиот инфраструктурен бум кој трае уште од почетокот на мојот мандат. Некој ме прашуваат дали сте во кампања или кога почнува – за мене кампањата е почната од првиот ден и не е завршена до крајот на мојот мандат. Секој ден сме на градилиште и секој ден се’ нешто се гради.“ вели Коњановски, зборувајќи за инфраструктурниот бум во Битола

​Во периодот од 2021 до 2025 година, под водство на градоначалникот Тони Коњановски, Општина Битола постигна значителен напредок во реализацијата на инфраструктурни проекти, со зголемена реализација на капитални расходи од 38–64% на над 70% .

Agria