Најмалку 74 загинати во американски воздушни напади врз нафтено пристаниште во Јемен
Најмалку 74 лица загинаа, а повеќе од 170 беа повредени во американски воздушни напади врз пристаништето Рас Иса во Јемен, кое се наоѓа под контрола на хутските бунтовници. Според податоци од самите Хути, ова е најсмртоносниот напад на САД откако Доналд Трамп повторно стапи на функцијата претседател на САД.
Воениот ангажман на САД против хутите започна на 15 март, но засега неговиот ефект останува нејасен бидејќи Пентагон досега не сподели детали ниту за конкретните цели, ниту за бројот на жртви. Од друга страна, хутските сили строго го контролираат пристапот до погодените области и ретко објавуваат информации за причинетата штета.
„Со овие удари американските сили имаа за цел да го елиминираат изворот на гориво за хутските терористи и да ги лишат од нелегалните приходи со кои го финансираат теророт во регионот последната деценија. Целта не беше да му се нанесе штета на јеменскиот народ,“ соопштија од Централната команда на американската војска.
Видеа од местото на настанот покажуваат силни експлозии и загинати тела расфрлани околу пристаништето. Според изјавите на хутските претставници, меѓу жртвите има и цивили, како и припадници на спасувачките служби.
САД најавија дека ќе продолжат со воздушните напади врз Хутите сè додека не престанат со нападите врз трговските и воените бродови во Црвеното Море.