Неочекувано разочарувачката сезона за Реал Мадрид може да доведе до сериозни промени на „Сантијаго Бернабеу“ ова лето.
Иако првоначално се шпекулираше дека единствениот голем трансфер ќе биде оној на Трент Александер-Арнолд, кој на крајот на сезоната треба да стане слободен агент, падот на формата и неуспешните настапи на домашен и европски терен го натераа раководството на „кралевите“ да размислуваат многу пошироко.
Во фокус повторно се најдоа два позната имиња од шпанската фудбалска сцена – Мартин Зубименди од Реал Сосиедад и левиот бек на Џирона, Мигел Гутиерес, кој претходно беше дел од младинската школа на Реал Мадрид.
Но, тоа не е сè. Се најавува и поширока трансфер офанзива, со планови за ангажман на најмалку уште четворица нови играчи: централен дефанзивец, десен бек, уште еден креативен играч за средниот ред, како и потенцијален напаѓач доколку се појави соодветна опција на пазарот.