Цеца ја откри тајната на својата витка линија: Нема глад, нема лекови – само дисциплина
Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ со години важи за една од најзгодните жени на јавната сцена, а нејзината линија и денес предизвикува восхит. Иако, како и секоја жена, некогаш се соочува со некој „вишок“, таа откри дека не се потпира на тренди и ризични методи за слабеење.
– Без диети, без лекови – само ред и дисциплина, вели Цеца, предупредувајќи на опасностите од модерни лекови за слабеење кои, според неа, сериозно влијаат на здравјето.
Нејзиниот едноставен метод: по 19 часот не внесува храна, туку само вода. Резултатот? Во рок од еден месец, ослабела 8,5 килограми – без глад и без рестрикции во исхраната преку ден.
– „Тоа е како вид на аутофагија, јадам што сакам преку ден, но најдоцна до 20 часот“, вели таа и нагласува дека појадокот наутро ѝ го активира метаболизмот.
Покрај исхраната, Цеца вели дека физичката активност е клучна:
– „Ако не стигнам на тренинг, одам на брзо пешачење. Не може да очекувате резултати ако телото не е во движење“, заклучува пејачката.