ПРВ.мк

Коњановски: Горд сум на младите ракометари на Еурофарм Пелистер – тие се иднината на македонскиот спорт

Коњановски: Горд сум на младите ракометари на Еурофарм Пелистер – тие се иднината на македонскиот спорт

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска на пладне ги пречека младите ракометари на Еурофарм Пелистер, кои го постигнаа историскиот успех со пласманот на Фајнл фор турнирот во младинската Лига на шампиони во Келн.

Во свечена атмосфера, Коњановски им честиташе на ракометарите и стручниот тим за посветеноста, трудот и резултатот којшто, како што рече, ја исполнува со гордост цела Битола и Македонија.

„Овие златни деца се нашата иднина која сите заедно треба да ја негуваме. Нивниот успех е доказ дека спортот во Битола има силна основа и светла перспектива,“ изјави Коњановски.

Тој нагласи дека поддршката од страна на Општина Битола за спортските колективи, а особено за младинските категории, ќе продолжи и ќе се зголемува.

Vero

„Поддршката за битолскиот спорт ќе биде континуирана и уште посилна. Сите заедно да продолжиме да создаваме шампиони и да ја градиме спортската иднина на Битола,“ додаде градоначалникот.

Agria