ПРВ.мк

Турнал 75 годишна баба и на сила и ја одзел ташната: Полицијата уапси 19 годишен разбојник од Кавадарци

Турнал 75 годишна баба и на сила и ја одзел ташната: Полицијата уапси 19 годишен разбојник од Кавадарци
Vero

Лишен од слобода разбојник во Кавадарци, пронајдено дел од одземеното

На 25.05.2025 во 01.20 часот на улица „Мито Хаџи Василев“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода А.П.(19) од Кавадарци, по претходна пријава за извршено кривично дело „разбојништво“.

Според пријавеното, околу 21 часот во влез во зграда на улица „Благој Крстиќ“ во Кавадарци, тој ја турнал и на сила и ја одзел ташната на В.А.(75) од Кавадарци, во која имала 3 000 денари и мобилен телефон „моторола“, а В.А. при падот се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болница во Кавадарци.

Во близина на местото на настанот била пронајдена ташната, а при прегледот кај А.П. биле пронајдени дел од парите и мобилниот телефон, како и бела грутчеста материја. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран