Жителите на неколку тетовски села утре ќе се разбудат во мрак – без струја и без најава за брзо решавање на проблемот!
Според информациите, на 26 мај (понеделник), од 09:00 до 14:00 часот, дел од селото Шемшево ќе остане без електрична енергија. Станува збор за објектите кои се наоѓаат од центарот кон крајот на селото.
Во исто време, слична судбина ќе имаат и жителите на Слатино, каде ќе нема струја до 14:30 часот. Се работи за објектите во центарот на селото, кај џамијата.
Без електрична енергија ќе остане и дел од селото Порој, исто така од 09:00 до 14:30 часот.
Станува збор за планирани прекини поради интервенции на електродистрибутивната мрежа, но граѓаните негодуваат дека не биле доволно навреме информирани.
Следете нè за нови детали и дали ќе има дополнителни прекини и во други населени места.