Претрес во тетовско, лишено од слобода лице кај кое е најдена дрога и нападнало полициски службеници
На 24.05.2025 во 12.10 часот, полициски службеници од СВР Тетово и ПО Теарце извршија претрес во дом и помошни простории кај Б.С.(35) од с.Слатино, тетовско, кој претходниот ден околу 23.50 часот бил лишен од слобода на локалниот пат с.Џепчиште- с.Варвара поради напад врз полициски службеници кои вршеле службени дејствија.
При претресот се пронајдени и одземени две дигитални ваги и пет кесички со бела прашкаста материја. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.