ПРВ.мк

Трајановски: Се работи на автопатот Кичево-Охрид, се асфалтира кај селото Врбјани

Трајановски: Се работи на автопатот Кичево-Охрид, се асфалтира кај селото Врбјани
Vero

Скопје/Охрид, 23. мај 2025 (ОХРИДПРЕС) – Се работи на изградбата на автопатот Кичево-Охрид, со акцент на делницата кај село Врбјани, објави на неговиот профил на Facebook директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски.

Тој сподели видео на кое се гледа дека се алфалтира оваа делница и дека се работи на патниот правец. Видеото можете да го погледнете овде.

Станува збор за потегот од селото Врбјани до Охрид, со мал пресек кај Ботун, заради косини кои дополнително ќе се стабилизираат.

Граѓаните апелираат на што е возможно побрзо завршување на оваа делница, што се гради повеќе од една деценија и понатаму останува сериозна безбедносна црна точка во регионот. Градежните зафати во комбинација со неприлагодената брзина на движење на возилата често доведува до сообраќајни незгоди, во некои случаи и со трагичен крај. Полицијата на овој потег често воспоставува контролни точки за мерење на дозволената брзина, со цел да се спречат дополнителни трагедии.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран