Министерството за внатрешни работи информира дека денеска, во 01:20 часот по полноќ, во СВР Скопје е пријавено дека на железничкиот премин кај Хиподром, локомотива во сопственост на ЈП „Македонски железници“ удрила во пешакот С.Л. (55) од Скопје.
Како резултат на несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои се констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
На местото на настанот извршен е увид од страна на увидна екипа од СВР Скопје.