Килијан Мбапе официјално е добитник на престижната награда „Златна копачка“, која секоја година се доделува на најдобриот стрелец во европските национални првенства. Францускиот напаѓач ја освојува оваа награда за првпат во кариерата, при што во својата дебитантска сезона во Ла Лига постигна 31 погодок за Реал Мадрид и собра 62 поени.
Неговиот најблизок ривал, Мохамед Салах, ја заврши сезоната со 29 голови за Ливерпул, што му донесе 58 поени — недоволно да го престигне Мбапе во последното коло.
Иако шведскиот напаѓач Виктор Ѓокереш од Спортинг Лисабон беше најпрецизен оваа сезона со вкупно 39 голови, поради понискиот коефициент на португалската лига во рангирањето на УЕФА (1,5 поени по гол), тој собра вкупно 58,5 поени и го освои второто место.
На четвртата позиција се најде Хари Кејн од Баерн Минхен, кој постигна 26 голови и освои 52 поени.
Наградата „Златна копачка“ се доделува според систем кој ги рангира головите во најсилните европски лиги (Англија, Шпанија, Германија, Италија и Франција) со коефициент 2, додека погодоците во останатите лиги се множат со коефициент 1,5 или 1.