Општина Битола по пат на електронско јавно наддавање, ќе врши отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија за изградба на објекти.
Предмет на електронско јавно наддавање е градежно неизградено земјиште сопственост на Република Северна Македонија предвидено за изградба на објекти со намена Б2- Големи трговски единици и А1- Домување во станбени куќи, согласно со Д.У.П. за „А.Р.М. четврт 1, 2 и 3“ – Битола донесен со Одлука на Советот на Општина Битола бр.07-1791/3 од 06.09.2010 година и Предлог за техничка исправка на Д.У.П. за „А.Р.М. четврт 1, 2 и 3“, донесен со Одлука на Советот на Општина Битола бр.09-20/13 од 28.02.2025 година и изградба на објект со намена производство, дистрибуција и сервиси- Г2, Г3 и Г4 согласно Измените и дополнувањата на Урбанистички план вон населено место „Јужна Индустриска Зона Жабени“, донесени со Одлука на Советот на Општина Битола бр.07-2177/33 од 28.09.2011 година.
Повеќе информации за условите на јавното наддавање, правото на учество и друго, ќе најдете на следниот линк:
ОБЈАВА 1/2025 За отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање за изградба на објекти