Денес во Тетово беше завршена една од најзначајните инвестиции за урбаната иднина на градот – првата фаза од булеварот „Видое Смилески Бато“. На овој настан, кој го симболизира напредокот и визијата за модерно Тетово, присуствуваа првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, премиерот Христијан Мицкоски и министрите Љуљзим Дурмиши, Беким Перински и Фатмир Лимани.

Проектот, кој се реализира со ефикасност и визија од страна на Општина Тетово под раководство на градоначалникот Билал Касами, претставува крупен чекор напред во урбаното развивање на градот. Булеварот значајно ќе го олесни сообраќајот, ќе го подобри квалитетот на животот на граѓаните и ќе придонесе кон естетски и функционален урбан изглед кој ги одразува највисоките европски стандарди.

„Овој проект е јасен доказ дека за првпат, со оваа влада, се прават големи инвестиции низ целата земја. Министерството за животна средина директно придонесе во овој процес, како дел од нашата визија за конкретен, правичен и долгорочен развој“, изјави министерот Меџити.
Изградбата на булеварот „Видое Смилески Бато“ не само што е значаен сообраќаен проект, туку и симбол на новиот пристап кон урбаното планирање – пристап кој става акцент на инфраструктурата, животната средина и квалитетот на секојдневниот живот на граѓаните.