ПРВ.мк

Британски медиуми открија детали за специјалното оружје на Украина: 15.000 тивки убијци ќе бидат распоредени на клучни точки, ова ќе биде нивната главна цел

Британски медиуми открија детали за специјалното оружје на Украина: 15.000 тивки убијци ќе бидат распоредени на клучни точки, ова ќе биде нивната главна цел
Jumbo Banner

Украина започна со распоредување на до 15.000 вооружени борбени роботи, познати како “тивки убијци”, во обид да ја запре руската офанзива на источниот фронт која продолжува да бележи успех и да се шири длабоко во украинската територија, објави британскиот таблоид Daily Mirror, повикувајќи се на доверливи украински извори.

Роботите-војници се дизајнирани да ја поддржат војската во рововите и да помогнат во урбаните конфликти, а како што се надеваат украинските воени команданти, тие би можеле да претставуваат клучен пресврт во борбите кои сè повеќе се водат од засолништа и на кратки дистанци. Ова претставува чекор напред во високотехнолошкото војување.

Роботите се опремени со оружје и сензори, можат да се движат по нерамниот терен и функционираат и за време на ден и ноќ.

Еден од најистакнатите модели е “Лутиот”, вооружен со пушка кал. 7,62 мм (и истиот кал. се користи за АК47), кој се користи за извидување, поддршка на напади и прецизно дејствување.

ELS

Украинските сили им дале на овие мобилни оружја посебна улога во воената тактика – да нападнат од неочекувани правци и да го одвлекуваат вниманието на руските трупи, пишува британскиот весник.

Роботите се контролираат на далечина, што овозможува на операторите да бидат безбедни, додека значително го намалуваат ризикот за човечките ресурси, што е особено значајно поради големите украински загуби во последно време, нагласува Daily Mirror.

Според воени извори, Украина значително ги проширила капацитетите за производство на UGV (Универзални земски роботи) во тајни фабрики низ земјата, кои користат тивки електрични мотори, што им овозможува долго време да функционираат, дури и при температури до -20 степени Целзиусови, што е значајна карактеристика за територијата на Украина и Русија, каде температурите често паѓаат под нула, пишува Mirror.

Министерството за одбрана на Украина инвестирало повеќе од 140 милиони евра во роботизирани воени системи само во првиот квартал на 2025 година.

Ова е најголемата инвестиција во воената автоматизација досега, а Киев верува дека масовната употреба на роботи ќе биде пресврт за моменталната ситуација на фронтот во нивна корист.

Покрај познатите модели, се верува дека постојат и неколку прототипови и оперативни верзии на UGV кои брзо се тестираат и воведуваат во употреба.

Според тврдењата на британскиот весник, роботите во современото војување играат сè поголема улога во урбаните конфликти, заменувајќи ги војниците во најопасните мисии кои бараат борба “лице в лице”.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран