ПРВ.мк

Ѓорѓиевски со нова мерка: Финансиска помош за набавка на огревно дрво за жителите на Кисела Вода

Ѓорѓиевски со нова мерка: Финансиска помош за набавка на огревно дрво за жителите на Кисела Вода
Jumbo Banner

Општина Кисела Вода продолжува со социјално одговорните политики и финансиска поддршка за своите граѓани. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски објави дека денес е распишан јавен повик за субвенционирање на трошоците за огревно дрво за грејната сезона 2025 година.

„Континуирано покажуваме дека навистина се грижиме за граѓаните. Обезбедуваме нова помош за оние кои се греат на дрва, но тука не застануваме. Ќе продолжиме и со останатите субвенции – за пелети, фасади, пензионери со ниски примања, како и за возачки дозволи за сите матуранти“, изјави Ѓорѓиевски.

Граѓаните кои ќе купат дрва за огрев во периодот од 1 април до 31 октомври 2025 година ќе имаат право да аплицираат за поврат на средства до исцрпување на буџетот од 1.200.000 денари. Субвенцијата изнесува 500 денари по купен метар кубен (m³), максимум до 10 метри, или 350 денари по просторен метар, максимум до 14 просторни метри.

Сите жители на Кисела Вода кои ги исполнуваат условите и достават валидна документација можат да аплицираат преку Архивата на општината, по принципот „прв дојден – прв услужен“. Повикот ќе трае до 31 октомври или додека не се потрошат предвидените средства.

ELS

Повеќе информации се достапни на официјалната веб-страница на Општината: општина Кисела Вода – јавен повик или преку месните заедници. За прашања, граѓаните можат да се обратат и на телефонскиот број 02 2785-427.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран